Чипка ефект: Претворете го мебелот во бајковита приказна

lace1(1)

Доколку во вашиот дом се наоѓа некое старо парче мебел кое во потполност ја изгубило својата убавина, дадете му уште една шанса. Во денешниот „направи сам“ проект, ви нудиме креативна идеја за тоа како на едноставен начин да го обновите и драстично да го разубавите. Станува збор за таканаречениот „чипка-ефект“ кој можете да го постигнете на навистина брз и економичен начин.

Потребни материјали:

– спреј во бојата која ја сакате
– парче чипка
– безбоен лак за дрвенарија

Постапка:

1. Вашето застарено парче мебел доколку е потребно расклопете го на повеќе парчиња. Испрскајте го со спрејот кој го одбравте, и оставете да се исуши.

2. Обложете дел од мебелот кој сакате да го украсите со чипка која претходно сте ја исекле во обликот кој ви е потребен за преклопување.

3. Испрскајте преку чипката и почекајте добро да се исуши. Потоа внимателно одлепете ја чипката од дрвото.

4. Прелакирајте го парчето мебел со лак, за принтот да биде што подолготраен. Уживајте во новиот изглед!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *