Чоколаден тарт со лешници

boa7

Денес ви претставуваме вкусен рецепт за чоколаден тарт со крцкава кора од лешници. 

Состојки:

За кора: 

  • 225г бисквити
  • 200г. цели лешници – печени, излупени
  • 60г. какао прав
  • 40г. шеќер во прав
  • 90г. истопен путер

За фил:

  • 300мл. слатка павлака
  • 250г. црно чоколадо
  • 2 поголеми јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • сол

За глазура:

  • 30мк. слатка павлака
  • 55г. црно чоколадо (исто како за филот), 1 лажица мед
  • 1 лажица топла вода

Подготовка:


1. Испечете ги лешниците во рерна, замотајте ги во крпа и излупете ги. Сомелете ги во блендер. Во чинија ставете сомелени бисквити, сомелените лешници, шеќер, какао и стопениот путер. Промешајте, земете малку од смесата и притиснете. Ако го задржува обликот, тогаш смесата е готова. Ставете ја во калап, притискајте со прстите, така што на краевите на калапот ќе направите „ограда“ од смесата. Печете ја околу 10 минути на 170 степени.

2. Искршете го чоколадото на парчиња и ставете го во длабок сад. Извадете ја кората од рерна да се излади. Загрејте ја благата павлака и истурете ја врз чоколадото. Оставете да отстои 5 минути. Промешајте, додадете 2 јајца, па повторно промешајте, па додајте го екстрактот од ванила и малку сол. Повторно промешајте добро. Прелијте го филот преку кората. Оставете да се олади.

3. Во еден сад ставете ја благата павлака и благо загрејте ја. Прелијте ја преку искршените парчиња чоколадо и оставете да отстои 5 минути, а потоа промешајте за да се соедини смесата. Додајте мед и топла вода и добро промешајте. Ставете ја смесата на средината на тартот и лесно разлевајте ја низ целата површина, но не со лажица, туку само со ротирање.

Ако планирате да го послужите тартот следниот ден, направете ја глазурата непосредно пред да го послужите, бидејќи треба да биде свежа. Во тој случај, извадете го тартот од фрижидер, оставете малку да отстои на собна температура, а потоа прелијте ја глазурата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *