Чоколаден колач со бисквити – без печење

danishbiscuitcake6

Бисквити+чоколадо – дали постои подобра комбинација?

Уште кога ќе ви кажеме дека овој колач се подготвува многу брзо, а не треба да се пече – идеално зар не?

Овие колачи нема да ве заробат во кујната со часови и одлични се за оние денови кога немате многу време.

Состојки:


  • 275г. растителен путер
  • 330г. шеќер во прав
  • 60г. какао во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 20 бисквити
  • 60мл. млеко

Подготовка:


1. Во загреан ставете го растителниот путер да се растопи. Потоа, во една чинија измешајте го шеќерот во прав, какаото, млекото, екстрактот од ванила и путерот. Добро промешајте додека не добиете хомогена чоколадна смеса. 

2. Во длабока тепсија обложете хартија за готвење. Дното премачкајте го со дебел слој од чоколадната смеса, и наредете ги бисквитите едни до други. Повторете го овој процес додека не дојдете до посакуваната висина на колачот.

 

 

Редете ги бисквитите точно едни над други за да ви биде полесно сечењето. Ставете го колачот во фрижидер да се излади, извадете го, исечете  и послужете го со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *