Чајот од ѓумбир го намалува стресот

832-2ydd3mmbn9phkn5wfftyps

Експертите го препорачуваат чајот од коренот на ѓумбирот, кој изобилува со минерали и витамини. Тој треба да се консумира секојдневно и така ќе го намалите стресот.

Нутриционистката Елис Мекинтош тврди дека ѓумбирот го стимулира дигестивниот систем.

„Топлата вода во комбинација со лимон и ѓумбир е идеален начин да се поттикне варењето. Ѓумбирот е преполн со антиоксиданси и помага да се отстранат штетните хемикалии кои ги произведува нашето тело кога сме под стрес, па затоа помага во неговото намалување“, изјавила нутриционистката.

За што друго помага ѓумбирот, покрај тоа што го намалува стресот:

Смирува кашлица и настинка.

Го намалува воспалението од секаков вид.

Ја регулира циркулацијата.

Го подобрува расположението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *