Четири епизоди од 5-та сезона на „Game of Thrones“ на интернет

game-of-thrones-poster_85627-1920x1200

Четири епизоди од петтата сезона на култната серија „Game of Thrones“ протекоа на интернет ноќта меѓу саботата и неделата, неколку часа пред почетокот на светската премиера на првата епизода, соопшти интернет ресурсот „TorrentFreak“.

„Се чини дека тоа се копии испратени на критичарите и медиумите, кои се преземени повеќе од 100.000 пати за само три часа“, пишува на интернет страната. Секоја епизода има дигитален „печат“ видлив на екранот, кој е избришан од верзиите кои се појавија на интернет.

Овој инцидент се случи и покрај тоа што тимот на „HBO“ предупреди за жестоко справување со пиратеријата. „Game of Thrones“ во 2014 година, по трет пат ја освои титулата на најнелегално „симнувана“ серија, со дури осум милиони превземања.

Првата епизода од петтата сезона требаше да биде емитувана истовремено во 170 земји во светот, без оглед на временската разлика, во 21 часот на источниот брег на САД, или во 2 часот наутро во понеделник по средноевропско време. „HBO“ донесоа одлука за симултано прикажување на десетте нови епизоди од оваа сезона.

Серијата претставува адаптација на романот „Песни за мразот и оганот“ на Џорџ Р.Р. Мартин. Оваа сага ја претставува борбата на неколку семејства кои сакаат да го освојат „Кралството на седумте круни“ на имагинарниот континент во недоредено време, инспирирано од Средниот век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *