Брзи и вкусни: Медалјони со кафе и бадеми

99695_shutterstock-165877946_630x0

Драги дами и почитувани домаќини, ви прикажуваме еден од оние рецепти кои се навистина едноставни да се направат, а сепак, ќе ви донесат искрени пофалби за покажаните кулинарски вештини. Станува збор за медалјони со бадеми, кои иако се лесни и брзи за да се подготват, сепак, со својот вкус ќе ги воодушеват сите оние кои ќе ги пробаат. Освен тоа изгледаат навистина примамливо, па вреди да се најдат на вашата трпеза и за некои посвечени пригоди.

Потребни состојки: 99695_shutterstock-165877946_630x0

– 150 гр шеќер
– 3 чаши вода
– 100 гр мелени бадеми
– 100 гр мелени бисквити
– 50 гр крупно сецкани печени бадеми

Фил:

– 125 мл слатка павлака
– 1 чаша силно нес кафе
– 125 гр црно чоколадо

Подготовка:

1. Стопете го шеќерот така што ќе добие златножолта боја, па прелијте со вода и мешајте додека не се растопи. Потоа тргнете го од оган, додадете ги мелените бадеми и бисквитите и мешајте додека се не се изедначи.

2. Од оладената смеса направете медаљони, и на секој во средината направете мала длабина, каде подоцна ќе го нанесете филот.

3. Извалкајте ги медаљоните во сецканите бадеми, наредете ги во сад, и оставете ги во фрижидер да се оладат.

4. Неколку часа пред да ги послужите исполнете ги со фил, бидејќи на тој начин ќе бидат највкусни. Кога кремот е свежо направен.

Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *