Брзи бурек ролнички

12059256_891655114253435_1412184811_o

Доколку барате убав појадок кој брзо се приготвува пробајте ги овие одлични, лесни, брзи и вкусни пржени бурек ролнички. 

Потребни состојки:

  • 300гр. немасно сирење
  • китка магдонос
  • млад кромид или праз
  • сол
  • бибер
  • биена сол
  • готова сол

Подготовка:

Ситно исецкајте го младиот кромид или празот и магдоносот и измешајте со сирењето. Одберете немасно сирење за да не излезе од ролничките во текот на пржењето. Мрсните сирења брзо се топат на високи температури. Доколку сирењето не е доволно солено додадете прстофат сол во садот.

Додадете лажичка биена сол и малку бибер.

Готовите кори исечете ги на триаголници по големина која вам ви одговара. На пошироките краеви ставете по една лажица од смесата со сирење, затворете ги страните и замотајте ги кон врвовите, како кифлички. Натопете ги малку врвовите за да не се залепат за ролничките.

Пржете ги ролничките на маслиново масло во тава додека не станат златно-жолти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *