Бриж – магична бајка во реалниот свет

belgium-brugge1
Градот Бриж, кој се наоѓа на западната страна на Белгија, според многумина е најубавиот град во државата. Благодарение на многубројните мостови, канали и спектакуларната архитектура, Бриж заедно со Амстердам и Стокхолм, се нарекува и „Венеција на северот“. Старите цркви, рапавите калдрми и бајковитата архитектура, се причината поради која во текот на топлите денови Бриж е преплавен со туристи, особено за време на викендите. Велат дека пролетта е најдобро време за да се посети ова идилично градче, а поубаво е единствено за време на божиќниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *