Божествен „Cookies & Cream“ сладолед со Нутела

picmonkey-collage58-1000x500

Ако сте љубители на кремасти сладолед и Нутела, овој рецепт е совршен за вас. Освен тоа лесен е за подготовка, а ќе ви одземе само 2о минути од вашето време кои секако ќе се исплатат.

Состојки:

  • 2 лажици шеќер
  • 5 лажици вода
  • 285gr. сецкано бело чоколадо
  • 3 јајца
  • 1 шолја полномасна павлака за шлаг
  • 8 раздробени Орео бисквити
  • 3 лажици Нутела

Подготовка:

Во еден сад на тивко ставете ги водата и шеќерот да се варат за да добиете густа маса во вид на сируп. Потоа тргнете го садот од оган и ставете го белото чоколадо и мешајте додека не се растопи. Потоа внимателно одделете ги жолчките од белките и додавајте ги жолчките една по една во садот и мешајте додека не добиете хомогена смеса и оставете ја да се излади. Во друг сад изматете ги белките и постепено додавајте ги во мешавината, а потоа додадете ја и павлаката за шлаг. Ставете ја Нутелата во микробранова околу 20 секунди за да стане покремаста. Во смесата додадете ги раздробените Орео бисквити (оставете дел од бисквитите за декорација) ставете ја целата смеса во правоаголен сад и над неа ставете ја кремастата Нутела. Со нож благо измешајте ја смесата и додадете ја останатата половина од бисквитите. На крајот, покријте го садот со фолија и ставете го во замрзнувач 6-8 часа додека сосема не замрзне. И сладоледот е готов! Уживајте!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *