Боенка која позитивно влијае на вашето расположение

PicMonkey-Collage2-1000x500

Имате впечаток дека како деца бевте среќни и безгрижни, дека тогаш ништо не можело да ве вознемири и дека знаевте како да се насмеете и во тешки моменти. Можеби решението лежи во фактот дека децата уживаат во едноставни активности, како што е боење или цртање и на тој начин се ослободуваат од негативните емоции. Ако барем малку верувате во оваа теза, тогаш ви е потребна посебна боенка која ја осмисли една уметница од Монтреал.

Уметницата Сара Мангл направи интересна боенка за возрасни, исполнета со позитивни и афирмативни пораки, но за да почувствувате како таа позитивно дејствува на вашето расположение ќе мора да ги засукате ракавите и да ги наострите боичките.

Кога ги истегнала лигаментите и шест седмици морала да седи во кревет, Сара добила идеја дека на луѓето кои се наоѓаат во слична ситуација им треба нешто што ќе им ја зајакне духовната сила, нешто што ќе има позитивен ефект на нивната психа, а што не бара особена физичка активност, седење во природа и слично.

Со оваа боенка таа сакала да создаде мало катче во кое човек лесно ќе се ослободи од внатрешниот немир, толку лесно што нема ни да забележи кога целиот стрес и грижи исчезнале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *