Бизарни сцени забележани на „Google Street View“

3e93c7bdbd2f13b4de09958301895b37_650x-1000x500

И додека ја користите апликацијата „Google Street View“ за да видите места и дестинации кои немате прилика да ги посетите, не се чудете ако на екранот ви се појави некоја бизарна сцена каква што не би очекувале да видите дури ни во секојдневните прошетки, а уште помалку во рамките на овој почитуван сервис.

Факт е дека пред возилото на „Google“ кое фотографира за оваа апликација се појавуваат и луѓе кои сакаат да се пошегуваат, па така се маскираат и се глупираат пред нивните камери. Понекогаш се фаќаат и сцени чии протагонисти ненамерно се појавуваат пред објективот на „Google“. Покрај смешните и бизарни моменти, има и многу загрижувачки сцени кои не би сакале да ги видите додека безгрижно „шетате“  низ градовите со оваа апликација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *