Бидете „модна шефица“ на работното место

office-stil-1000x500

Во текот на зимата веројатно повеќе се грижевте да ви биде топло, па во согласност на тоа носевте повеќеслојна гардероба која е повеќе функционална отколку стилизирана. Време е да ги оставите зимските комбинации, не само затоа што веќе е пролет, туку и затоа што сега конечно можете да се покажете во вистинско светло. Креативноста е важна на работното место како и во слободното време, па не се ограничувајте кога нема потреба за тоа.

Новата модна сезона донесе неколку навистина одлични и функционални модни комбинации. Има за секој по нешто што уште веднаш може да го искористите. Седумдесетите се повторно во мода, но и цветните дезени, здолништата со фалти и кошулите со набори. Текстурата е исто толку важна колку и дезените.

Вашата канцеларија може да стане своевидна модна писта, дури и ако постојат строги правила на облекување кои треба да се почитуваат. Погледнете ја нашата галерија и уверете се сами…

Оваа сезона популарни се кремастите, беж и кафеави нијанси.

Цветните комбинации ќе се носат повеќе од обично.

Фалти во сите можни комбинации.

Бидете кукла од седумдесеттите.

Во одело од глава до пети – црно-белите комбинации се најпогодни.

Пончото е погодно за првите сончеви денови.

Розевите модни детали се задолжителни.

Кожата сè уште е во тренд.

Тексасот е главен моден тренд оваа пролет.

Цветови на сите парчиња облека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *