Без печење: чоколадни бомбици со бисквити

sokoladines-bulvytes-528e7a468c3c5

Ако ви се јаде нешто благо или сакате да приготвите вкусен рецепт за пријателите, ви предлагаме да ги пробате овие чоколадни бомбици со бисквити за кои не треба да ја вклучувате рерната!

Состојки:

  • 250 грама крем сирење (намаз)
  • 500 грама кекси полнети со чоколади (Oreo, Moto…)
  • 250 грама темно чоколадо

Подготовка:

1. Здробете ги кексите во трошки. Најлесен начин да го направите ова е да ги сомелете или пак да ги ставите во вреќичка и да ги поминете со валјак за тесто. Издвојте мал дел со кој ќе ги посипете на крај пралинето.

2. Здробените кекси ставете ги во сад и додадете го кремот од сирење и добро измешајте додека не добиете густа поврзана маса, а со рацете обликувајте бомбици со дијаметар околу 3 сантиметри.

3. Стопете го чоколадото на пареа и една по една бомбица ставете ја во него и потоа ставете ја во чинија. Додека чоколадото сè уште е топло, над бомбиците истурете го остатокот од здробените кекси и ставете ги во фрижидер да отстојат барем еден час.

Совет:

Доколку сакате бомбиците да ги посипете еднакво со чоколадо, тогаш ставете ги во сад и со две лажици внимателно вртете ги додека во целост не ги прелиете со чоколадото.

Истото можете да го направите со тоа што бомбиците ќе ги забодете на виљушка и внимателно потоа ја ставите во чоколадото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *