Без печење, без миксер: Ледолино торта

125

Ова е дефинитивно торта која е идеална да ја направите кога ви се брза премногу, а најдобро од се е што за нејзината подготовка не е потребно печење, ниту пак миксер. Во фантастичниот вкус ќе се уверите и самите.

Состојки:

– 500 мл. млеко
– 500 мл. хопла
– 12 лажици густин (околу 110 г.)
– 1 ванилин шеќер
– 100 гр. темно чоколадо за готвење
– 100 гр. бело чоколадо
– 4 лажици шеќер
– кутија пишкоти или пак помали бисквити

Подготовка:

1. Помешајте го млекото со хоплата и од количината одземете околу 200 мл. за да ја помешате со густинот и шеќерот. Остатокот од течноста ставете го на оган, а откако ќе се свари додадете го и веќе разматениот густин. Кремата се згуснува за релативно брзо време, такашто 2-3 минути се сосема доволни.

2. Поделете го шлагот на два дела. Во едниот дел измешајте ја темната веќе срендана чоколада, и мешајте енергично за побрзо да се стопи. Во другиот дел додадете ја белата чоколада и исто така добро промешајте.

3. На дното на калапот наредете ги пишкотите или бисквитите кои претходно сте ги натопиле во млеко. Нанесете го одозгора темниот, па белиот крем. Доколку сакате, можете да ги наредите и наизменично за да добиете зебра ефект.

4. Оставете ја тортата во замрзнувач за да се стегне, и по извесно време уживајте во нејзиниот вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *