Beddi: паметен будилник за паметно будење

beddi-12-970x647-c-1000x500-1000x500

Дали сте веќе уморни од класичните будилници? Сакате ли да имате предмет кој ќе ви помогне првиот утрински стрес во вид на будење да не биде премногу хаотичен. Класичните будилници се премногу стари и немаат доволно потребни функции, додека алармите на мобилните телефони обично имаат многу функции кои може да го нарушат сонот, а не да допринесат за неговиот квалитет.

„Beddi“ е паметен будилник компатибилен со паметни телефони како Apple iPhone и оние со Android оперативен систем кои со будилникот се поврзуваат преку Bluetooth. Алармот ја следи температурата на собата, може да ве разбуди со вашата омилена мелодија или песна, или со музика од радио а покрај тоа може да ви вклучи амбиентално светло или да создаде шумови со кои полесно се спие – како звукот на дождот или тивко струење на ветерот.

Ако станувате толку рано што надвор е уште темно, „Beddi“ ќе ви го осветли просторот со природна светлина, лесно воведувајќи ја 5 минути пред да се вклучи алармот. Овој будилник можете да го поврзете со други уреди во вашиот дом, па така вашето утро може да започне со свежо приготвено кафе. Инженерите од компанијата „Witti“ ги направија овие паметни будилници поврзувајќи ги и со интернет мрежа така што вашиот часовник однапред ќе ве припреми на тоа колкава е температурата надвор и дали има метеж низ градските улици.

Ако ви се допадна сето ова вашиот следен чекор е да платите износ од 105 евра на Kickstarter, и да го причекате вашиот нов помошник!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *