Базени, клубови и ресторани во нефункционалните метро станици на Париз?

Paris-Underground-03

Француските студија „Oxo Architectes“ и „Laisné Associés“ ги соединија своите сили со цел да создадат комплетни трансформации на нефункционалните и зборавени метро станици во Париз. Базен, театар, ресторан, клуб или градина се дел од дизајните кои тие и ги понудија на јавноста уште изминатата година, меѓутоа се уште немаат добиено конкретен одговор од надлежните власти.

Експерименталните илустрации се обидуваат да ја прикажат заборавената подземна станица „Arsenal“, која се наоѓа во близина на плоштадот Бастилја, и е затворена за употреба уште во далечната 1939 година. Постојат уште 16 други нефункционални метро станици ширум Париз, чиј простор може да се мудро да се искористи.

Сепак, и покрај фасцинантниот изглед на овој дизјн, многумина сметаат дека безбедноста која би ја нудела овој простор на посетителите е дискутабилна. Најголемата компанија за јавен превоз во Франција, RATP, изјави дека е речиси неизводливо да се направат овие станици безбедни за јавна употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *