Барби доби три нови облици на тела

barbi_1000x0

Американската компанија за играчки Мател, најави дека ќе започне да ги продава фамозните Барбики со „засилување“ од три нови облици на тела.

Покрај стандарната кукла со витка фигура, која беше значителнп критикувана заради нереалните пропорции, се појави и барбика со поситен раст, една повисока, и една со нагласени облини („petite“, „tall“ и „curvy“).

Компанијата најави и дека отсега па натаму, куклите ќе бидат произведувани во седум различни нијанси на бојата на кожата, 22 нијанси на очи, и 24 различни фризури.

Ова е уште една во низата на промени кои изминатите неколку години Matel се обидува да ги воведе. Изминатата година компанијата за прв пат „ги соблече“ високите потпетици на Барби, и ја облече во рамни чевли.

Screenshot_4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *