Апликацијата vTime овозможува дружење на виртуелни локации

vTime-Wilderness-River

Апликацијата наречена vTime овозможува на своите корисници да креираат виртуелни ликови и да се „дружат‟ на виртуелни локации. Се што треба е да се приклучат на vTime VR chat и да користат на Самсунг Gear VR headset или уред на Гугл Кардборд.

Всушност, апликацијата овозможува виртуелно дружење на четири корисници на различни виртуелни места, било да се работи за плажа, во природа покрај оган, во жичара, авион, Париз, па дури и надвор од Меѓународната вселенска станица.

Креаторите на апликацијата објавија видео кое покажува какво виртуелно искуство и можности донесува апликацијата.

Графиката не е премногу реална, но треба да се има предвид дека апликацијата штотуку заживеа и дека и претстои долг развој.

Верзијата на апликацијата за Gear VR е достапна од декември, но тука сега е и верзијата за Google Cardboard. Апликацијата може да се инсталира на смартфоните Nexus, Samsung, LG и HTC.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *