Анализа на здивот открива рак на јајници

portable-breath-test

Израелски научници развија електронски сензор кој на безболен и неинвазивен начин може да открие назнаки за постоење рак на јајниците со едноставно тестирање на здивот на пациентката.

Постојат слични направи со кои со тестирање на здивот се откриваат дурги виводи карцином, но благодарение на напредната технологија новиот електронски сензор собира повеќе информации за потенцијално постоење болести, со помал волумен е и поради тоа попрактичен е од постоечките.

Научниците тврдат дека е попрецизен и посигурен од методите кои досега се користеле за откривање на овие видови рак. Со сензорите од апаратот кои потсетуваат на инхалатор што го кроистат астматичарите, се настојува да се „фатат“ лесно испарливи органски соединенија (VOCs) кои ги излачува здивот, на начин да користат флексибилни полимерни супстрати прекриени со златни нано-честички.

– Промените во метаболизмот кои ја следат одредена болест предизвикуваат и промени во составот или во концентрацијата на органски соединенија излачени од здивот, објасни лидерот на проектот Никол Ках од израелскиот Институт за технологија.

Врз основа на иницијалните тестирања Ках и колегите прецизно го открија постоењето на рак на јајниците во 82 отсто случаи, што, како што тврдат, е значаен напредок во однос на досегашните методи, вклучувајќи ги и тестовите за крв и прегледите на трансвагинален ултразвук.

Станува збор за неинвазивна, сигурна и едноставна метода која ќе овозможи на тестирање да се подложат повеќе пациентки. Досега се практикуваше тестирање само на високоризични пациентки, а познато е дека симптомите од овој вид карцином се многу подмолни и кај голем број жени не се забележуваат.

Ракот на јајниците најчесто се открива во напредната фаза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *