Amazon Books: од интернет до првата вистинска книжарница

5638130f1800002a00303a57GLGL-1000x500

Познатата веб-страница amazon.com за две седмици во Сиетл ќе ја добие својата прва книжарница, со понуда на изданија кои досега можеа да се најдат само на интернет страницата Amazon Books. Според зборовите на луѓето од корпорацијата станува збор за физичко продолжение на познатата интернет продавница, која е замислена и создадена по дваесетина години работење во таканареченото интернет книжарство и која ќе настојува во себе да ги интегрира знаењето од две области – реални и виртуелни.

Книгите кои ќе се најдат во првата Амазон продавница се одбрани врз основа на оценките и коментарите на корисниците. Тие со години даваат оценки па од Амазон формирале топ листа на книги во кои корисниците најмногу уживале, а сега тие книги ќе се најдат во физичко издание на полиците на новата книжарница.

Посетителите и потенцијалните купувачи ќе можат да се информираат за секое издание, баш како што можеа и на интернет страницата, бидејќи идејата е во книжарницата да се продаваат наслови и автори кои луѓето ги сакаат, наместо на полиците да се трупаат што поголем број книги. Под повеќето книги се наоѓаат коментари од интернет корисниците и нивната вредносна проценка за конкретното дело, па така секој може да се информира подобро отколку што би можел ако само го прочита текстот на задната корица од книгата.

Некои делови од книжарницата ќе бидат посебно означени баш каков што е случајот и на интернет страницата на Амазон каде постојат најразлични секции – од книги за млади до списоци на важни книжевни магазини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *