9 трикови за совршено организиран дом

gallery-pic-10

Дали ви се случува и покрај сите ормари, кутии, подруми и друг расположлив простор да имате проблеми со организација на гардеробата, накитот и останатите предмети во домот?

Веруваме дека повеќето од вас ќе одговорат потврдно.

Но денес вашите маки ќе завршат!

Погледнете ги овие фантастични трикови кои ќе ви ја олеснат организацијата на домот во секој сегмент.

1. Ланец и S кука во орманот – Ако сакате да направите повеќе простор во вашиот ормар искористете го овој практичен трик со ланец, S кука и закачалки кои ќе ги прикачите на алките на ланецот.

2. Вертикално редење во фиоките – за вашиот веш и гардероба да бидат прегледни.

3. Полици за обувки – додадете полици за книги во вашиот ормар за да добиете попрегледна полица за чевли.

4. Спојте ги обетките – За полесна организација и за да спречите губење, спојте ги обетките на тој начин што ќе ги закачите за копче.

5. Граничници во ормарот – Џемперите наредени на полици обично завземаат доста простор во висина, па губат стабилност и паѓаат. Тоа сигурно ви се случувало. За да не ви се повторува овој проблем во иднина набавете граничници за полици и обезбедете ги наредените џемпери.

6. Кутии во фиоките – За подобра организација на вешот во фиоките, набавете кутии во кои ќе ги поделите и организирате чорапите, прслуците и гаќичките. Сè ќе биде прегледно и уредно!

7. Алки на закачалките се идеално решение за организација на марамите – Најдобро ќе ги организирате марамите и шаловите ако на шипката од закачалката закачите алки за завеси од туш-кабини.

8. Протнете ги ланчињата низ цевка – Ако имате проблем со ланчиња кои постојано се заплеткуваат, едноставно протнете ги низ цевка и овие проблеми никогаш повеќе нема да се повторат.

9. Палета за обетки – Искористете палета за водени или темперни бои како практичен држач за ситниот накит – обетки, ланчиња, прстени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *