9 неверојатни места за престој кои можете да ги најдете на интернет

Screen-Shot-2015-03-17-at-9.47.18-AM-660x387

Постојат бројни кул места за престојување кои можат да се пронајдат преку „AirBnb“. Магично уредени простории кои со сигурност ќе ви приредат одмор од соништата. Во галеријата подолу ви прикажуваме 9 локации за престој кои изгледаат како да се дел од рајот.

1.) Nanuku, Levu:

Приватен остров на Фиџи, кој доаѓа заедно со раскошен двор, локален водич, собарка и брод. Нема потреба за поголем опис, фотографиите зборуваат сами за оваа локација од бајките.

Screen Shot 2015-03-17 at 9.47.08 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 9.47.18 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 9.46.47 AM

2.) Borgia Castle:

Зошто некој не би сакал да се чувствува како крал(ица) на сопствениот одмор? Искористете го историскиот амбиент во некоја од седумте соби, иако ние ви ја препорачуваме онаа која гледа кон езерото. Замокот се наоѓа во Тоскана, Италија, и некогаш му припаѓал на богатото семејство Борџиа.

Screen Shot 2015-03-17 at 9.54.11 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 9.53.59 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 9.53.26 AM

3.) Casaviva Villa:

После долгиот ден исполнет со сончање и капење на раскошните плажи во Бали, одморете се во некоја од прекрасните соби на оваа вила.

Screen Shot 2015-03-17 at 9.57.48 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 9.57.40 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 9.57.33 AM

4.) Romantic Amapas:

Одморалиштето е директно лоцирано во „романтичната зона“ на стариот град, Пуерто Валарта, во Мексико. Локацијата се карактеризира со бесконечни плажи и вистински раскош. Вечерта е идеална за забава покрај базенот со поглед кон океанот.

Screen Shot 2015-03-17 at 10.16.11 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 10.15.50 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 10.15.57 AM

5.) Urban Garden Studio:

Ова малечка куќа која се наоѓа во Портланд има сопствена раскошна градина, која е главната причина што го прави ова место толку прекрасно. Идеална локација доколку ви се потребни одмор и релаксација во вистинската смисла на зборот.

Screen Shot 2015-03-17 at 11.23.42 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.23.33 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.23.27 AM

6.) Casa Civita:

Прекрасна италијанска вила која датира од 14 век и се наоѓа во Лацио, далеку од градските метежи. Во неа можете да доживеете уникатно искуство уживајќи во подземните пештери, старата винарија, и прекрасно уредениот двор. Бонус – има и пештерски базен.

Screen Shot 2015-03-17 at 11.34.44 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.34.53 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.35.47 AM

7.) Kasbah du Toubkal Morocco:

Овој прекрасен замок веднаш ни го привлече вниманието. Се наоѓа во Мароко, и нуди поглед кон Националниот парк „Toubkal “. Изгледа фантастично.

Screen Shot 2015-03-17 at 11.37.38 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.37.28 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.37.45 AM

8.) Airstream:

Сите сме заљубени во раскошните мобилни домови. Нарекувајќи го овој простор гаража, овој модерен и необичен дом во Андалузија, Шпанија, доаѓа заедно со прекрасен двор, скара и базен. Погледот е неверојатен.

Screen Shot 2015-03-17 at 11.38.33 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.38.26 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.39.00 AM

9.) Geo Dome:

Ова необично сместување е идеално доколку сакате да се исклучите од модерниот живот и цивилизацијата на одреден период. Неверојатно минималистички, ги вклучува само едноставните човечки потреби. Околната природа е идеална за љубителите на планинарењето.

Screen Shot 2015-03-17 at 11.40.12 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.40.20 AM

Screen Shot 2015-03-17 at 11.49.00 AM

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *