9 едноставни совети за тоа како правилно да го осветлите домот

coverdom1-1000x500

Светлина игра клучна улога во креирањето на општата атмосфера на домот, но голем број на луѓе го забораваат или игнорираат овој аспект. Осветлувањето е како шминка; Со помош на светлината може да истакнете индивидуални елементи и да ги маскирате непривлечните делови од домот. Ние подготвивме неколку едноставни совети за тоа како правилно да го направите тоа.

1. Не користете посилни од 40-ватни сијалици

40 и повеќе-ватните светилки се одлични за гаражи и шупи, односно места каде што ќе ви треба повеќе светлина, но во дневната соба целта е да се постигне порелаксирачка атмосфера.

2. Користете енергетски ефикасни светилки

Точно е дека тие се малку поскапи од стандардните светилки, но на долг рок ќе заштедите многу пари и ќе имате многу помала емисија на јаглерод диоксид.

3. Започнете со добра ламба за работна маса

Ја знаете изреката дека тешко се наоѓа добра ламба? Тоа е точно, особено ако имате маси во собата. Затоа, прв чекор е да најдете добра столна ламба. А потоа да најдете светилка, која ќе го дополни вашиот декор, но мора да внимавате на нејзината јачина. Потрудете се светлината да биде што е можно потопла.

4. Комбинирајте различни извори на светлина

Добрата мешавина од најмалку три различни извори на светлина (тавански светилки, отворени светилки, свеќи), рамномерно ќе ја распоредат светлината низ собата и ќе ги нагласат саканите елементи.

5. Поставете регулатор на светлина

Инсталирање на ваков прекинувач е всушност многу едноставно, нема да ве чини цело богатство, а ќе биде особено корисно за регулирање на светлината во зависност од потребите.

6. Стратешки поставете огледала во близина на прозорците

Поставувањето на огледало во близина или спроти прозорец ќе ја зголеми природната светлина во просторијата.

7. Одберете ролетни наместо завеси

Ролетните заземаат помалку простор отколку завесите и ослободуваат повеќе природна светлина, а ќе имате ист, ако не и поголем степен на приватноста кога ви треба.

8. Обојте ги ѕидовите со светли, неутрални бои

Неутралните бои одразуваа светлина многу подобро отколку темните нијанси. Ова е особено точно за мали простори, каде што нема многу прозорци.

9. Бидете креативни

Додадете некои интересни сијалички околу огледалата кои ќе му дадат посебен шарм на вашиот дом, а истовремено и подобро ќе го осветлат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *