80-годишен пензионер изгради мини-воз за кучиња

rescued-dog-train-tractor-stray-eugene-bostick-6

Еуген Бостик, 80-годишен старец од Форт Ворт, Тексас, го посветил своето слободно време со цел да создаде нешто со што ќе ги израдува локалните кучиња скитници. Имено, тој успеал да изгради супер-кул рачно изработен воз со кој им приреди забава на песовите кои живеаат во неговото маало.

„Најпрво започнав да ги хранам, па да ги пуштам во мојот дом, да се грижам за нив па и да ги носам на ветеринар“, објаснил Еуген кој заедно со својот брат Корки, секојдневно го разубавува животот на овие животинчиња.

„Еднаш видов еден човек кој на својот трактор имаше прикачено буриња полни со камења. Си реков, ова би било одлично за моите кучиња. Потоа најдов пластични буриња, ги исеков, им додадов тркала и ги поврзав. Кога и да ме слушнат кучињата дека го палам тракторот, трчаат да си зафатат едно од местата и кружиме низ околината“, додал тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *