7 вистински причини поради кои жените ги одбиваат мажите

Man sitting at home

Сигурно досега некогаш ви се случило да ве одбие некоја девојка која ви се допаѓала, па фразите како „имам момче“, „не сакам да го уништам нашето пријателство“ и „не ни одговараат карактерите“ ви се веќе познати. Секако, не мора да значи дека ваквите „изговори“ не се вистинити, меѓутоа, секогаш постојат одредени плус причини кои девојките избегнуваат да ви ги откријат, со цел да не ви ги повредат чувствата и познатото машко его.

Во листата подолу ви прикажуваме 5 најчести реални причини за одбивање, со кои повеќето девојки ќе се согласат:

1. Се поставивте премногу пријателски

Навистина, зближувањето понекогаш може да прерасне во поинаква љубов, но ваквите случаи не се чести. Всушност, многу почесто се случува да се развијат чувства само од едната страна. Во ваквите ситуации мора да имате предвид дека вашата другарка не е виновна доколку во вас гледа само пријател. Тоа што сте поминале доста време заедно, сте правеле долги разговори и сте и помагале, не значи дека ви должи нешто за возврат. Наш совет – доколку сметате дека девојката која ја гледате често има потенцијал да ви се допадне, тогаш не пристапувајте целосно другарски.

2. Не сте и привлечен

Многу мажи мислат дека жените се едноставно привлечени од стабилноста, интелигенцијата или смислата за хумор. И иако навистина често знаат да бидат освоени од овие карактеристики, сепак, за повеќето девојки и физичкиот изглед и сексипил се од особена важност. Всушност, дури и да сте и се допаѓале на некоја девојка, доколку не се грижите за себе (за кратко време премногу ги зголемите килограмите, носите фризура која не ви прилега, лошо се облекувате и слично), тогаш бидете сигурни дека сте на добар пат да го изгубите вашиот статус во женскиот свет.

3. Премногу сте негативни и постојано се жалите

Секогаш наоѓате време за да ги критикувате другите, без притоа да се погледнете себеси. За се што ви се случува ја наоѓате вината во другите. Од вас зрачи негативна енергија, и тоа можат сите да го почувствуваат. Оставате впечаток на завидлива личност полна со комплекси и фрустрации. Започнете да работите на себе и на вашиот карактер. Доволно се самосожалувавте. Пред се, ваквиот став не е добар за вашето расположение, на страна тоа што влијае негативно и на оние околу вас. Засакајте се себеси, за да можат да ве засакаат и другите. Ќе видите дека штом успеете да го надминете ова, работите ќе започнат да се менуваат.

4. Некултурни сте

Постојат мажи кои сметаат дека е сосема во ред доколку на девојката и пријдат со комплименти од типот на „баш си секси“ и слични на нив. Не ја знaеме дефиницијата на правилно приоѓање, меѓутоа ви гарантираме дека ова не е тоа. Иако најверојатно тие ќе ви возвратат љубезно, сепак, бидете сигурни дека уште на самиот старт сте си ги уништиле шансите.

Освен тоа, многу мажи сметаат дека со пцовките, навредите, надвикувањето и расправањето со разни лица од околината ќе ви ја покажат нивната сила и машкост и со тоа ќе ве привлечат, но, вистината е дека се во заблуда, и дека единствено постигнуваат контра-ефект.

5. Не знаете да направите сериозен разговор

Без разлика на темата, жените ги привлекуваат мажи кои се информирани и имаат свои изградени ставови. Разговорите се клучен момент при градењето на врската. Од друга страна, ниту неинформираноста не е страшна. Доколку со некоја тема за која ви зборува девојката која ви се допаѓа не сте запознаени, тогаш подобро кажете го тоа отворено и дознајте од неа. Ова е многу подобро решение отколку да глумите дека знаете нешто и да „трескате глупости“.

6. Флертуваат со сите девојки

За ваквите типови на мажи нема ни потреба дополнително да се образложува. Едноставно изгледаат неинтересно и очајно.

7. Поминуваат премногу време на компјутер

Ваквите типови на мажи повеќето жени не ги сметаат за привлечни. За волја на вистината, ниту ваквите мажи не изгледаат премногу опседнати со жените. Во секој случај, постојат и девојки кои обожаваат да го минуваат целото слободно време на компјутер, па доколку успеете да пронајдете ваква, тогаш чувајте ја како скапоцен дијамант, бидејќи се навистина ретки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *