7 трикови со лажица – нега и убавина

5-copy4

Лажицата е сосема секојдневен предмет во домот, но ретко кој ја користи за нешто друго освен како прибор за јадење. Сепак, лажицата е предмет кој може да ви помогне на начини на кои не сте помислиле…Погледнете како:

1. Намалување на изморениот изглед на очите – Изладете две лажици во фрижидер и благо масирајте го пределот под очите. Оваа блага масажа ќе ја подобри циркулацијата и ќе ја намали надуеноста.

2. Спречете пресликување на маскарата на капаците додека ја нанесувате на долните трепки така што ќе ставите лажица под нив.

3. Поправете ја уништената сенка така што ќе додадете малку алкохол во неа, а потоа ќе ја протапкате со лажицата.

4. Искористете го лакот на лажицата за да исцртате совршен лак на веѓите

5. Искористете ја лажицата како палета за лакови за нокти која ќе ви го олесни маникирот

На тој начин можете да направите воден ефект без употреба на вода.

6. Спречете истекување на лакот кај предниот дел од прстот така што ќе ја поставите лажицата под врвот на ноктите при лакирањето.

7. Забрзајте го лекувањето на акните така што ќе поставите изладена лажица врз нив и на тој начин ќе го смирите воспалението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *