7 ресторани кои отишле предалеку

image-1000x500

Не е тајна дека во големите светски метрополи оној кој ќе се одлучи да отвори угостителски објект мора добро да се намачи да го привлече вниманието на потенцијалните муштерии.

Некои, денес помалку или повеќе познати ресторани во светот станале популарни затоа што шокирале. Во продолжение погледнете ги седумте ресторани кои навистина отишле предалеку:

1. Ресторан „Craters“, Лаос

Прв од низата ресторани кои малку претерале кога станува збор за ентериерот е овој ресторан популарен кај посетителите на Лаос кој е преполн со остатоци од експлозиви од Виетнамската војна. Лаос и онака е сè уште преполн со остатоци од војната, па ако и вие сметате дека бобмбите и храната се добра комбинација задолжително посетете го овој ресторан.

2. Modern Toilet, Тајван

За оние кои немаат проблем со варењето овој тематски ресторан ќе биде сосема привлечно место за јадење. Каде и да се свртите нема да најдете ни трага од чинии, бидејќи секој сад во ресторанот во помала или поголема мера е реплика на тоалет. Пријатно!

3. El Diablo, Шпанија

За оние кои уживаат во напнати ситуации преполни со реални опасности, за оние на кои адреналинските спортови им се неопходни исто како и чистиот воздух овој ресторан ќе биде вистинско откритие. Се наоѓа на врвот на еден активен вулкан, па така врелиот воздух и лавата ќе ви ја приготват скарата.

4. The New Lucky, Индија

Ако обичајот да јадете покрај гробот на покојниот ви е непривлечен тогаш овој ресторан нема баш да ви одговара. Зошто? Затоа што ресторанот е така уреден што додека вие јадете на помалку од еден метар се наоѓаат гробови.

5. Alcatraz ER, Јапонија

Екстремното и Јапонија често одат рака под рака, па така е и во случајот со овој ресторан кој оди во правецот на бизарно замислена ментална институција во која ќе ве служи необичен „медицински персонал“ со предмети кои во медицината веројатно служат за сè освен за сервирање на вкусни оброци.

6.  Bei Tou Incinerator, Тајван

Официјалното име на ресторанот е „The Star Catcher“, но има многу посоодветни имиња за овој ресторан имајќи предвид дека тој се наоѓа на врвот на една кула, а останатиот дел од просторот на кулата е наменет за палење ѓубре. Во секојдневието тоа би изгледало вака: вие ручате, а на другите спратови се пали ѓубрето од целиот град, па непријатниот чад се шири насекаде, веројатно и до вашите сетила, ако воопшто ги имате.

7. Funny Sex, Тајван

Во овој ресторан се служат машки полови органи во различни големини, направени од сладолед, мус, пудинг и секаков друг вид на храна кој ќе ви падне на памет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *