7 работи кои цел живот ги правите погрешно

24343-1rt54tv

Животот го чинат секојдневни мали проблеми и обврски кои ги решаваме како знаеме и умееме. Постојат и корисни животни трикови кои навистина може да ви помогнат побрзо и поефикасно да решавате одредени обврски, но за некои од нив едноставно никогаш не сте слушнале, а ние денес ви ги откриваме!

1. Погрешно ја истискувате пастата за заби

Доколку сакате да ја намотате пастата за да го истискате и последниот грам од тубата, грешите! Најефикасен метод е со помош на укосници – само прикачете една на тубата и поместувајте ја како што ќе ја трошите пастата. На овој начин сигурно ќе го искористите целиот производ.

2. Погрешно лупите банани

Доколку некогаш сте гледале документарни филмови со мајмуни и примати тогаш сте забележале дека мајмуните ги лупат бананите обратно. Да се угледаме на нашите далечни роднини. Тоа е и правилниот начин на лупење на ова овошје.

3. Погрешно чистите јагоди

Како најлесно и најбрзо да исчистите јагоди, а притоа да не исечете половина јагода правејќи го тоа? Едноставно-со помош на цевка! Провлечете ја цевката низ дното на јагодата, така што на нејзиниот врв ќе излезе рачката.

4. Сечење лубеница

Најдобар начин да исечете лубеница, а притоа да ги зачувате сите нејзини природни сокови е да ја исечете на помали кришки.

5. Погрешно ги чистите фармерките

Наместо постојано да ги перете фармерките во машина пробајте да ги ставите во замрзнувач. Да, добро прочитавте.

Ниските температури ќе ги дезинфицираат вашите омилени тексас фармерки, и ќе ги заштитат од прерано бледнеење.

6. Флеки од црвено вино

Најефикасен начин да отстраните флека од црвено вино не е со помош на сол, туку со помош на бело вино!

Ставете бело вино врз флеката и оставете целосно да се исуши. Флеката би требало целосно да исчезне.

7. Погрешно користите укосници

Доколку мислевте дека умеете да ставите укосница во косата, се лажете! Фризерите открија дека цело време сме ги користеле наопаку!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *