7 начини како да ја освежите секоја црна комбинација

PicMonkey Collage

Црната боја е класика со која нема да погрешите, како во дневните, така и во вечерните варијанти.

Сепак, понекогаш ова модно црнило може да ви се чини здодевно и да ви делува постојано исто. Затоа совладајте ги овие модни трикови со кои изгледот „црно од глава до пети“ ќе го подигнете на едно ново, повисоко ниво.

1. Поиграјте си со текстурите

Црната боја никогаш не е досадна ако направите микс од различни текстури и материјали. Крзнениот капут во комбинација со црните кожни панталони секогаш ќе изгледа модерно и шик.

teksturi

2. Натпис на џемперот

Ако сакате повпечатлив изглед, појавете се со светла порака на џемперот или дуксерот. Освен што буквите ќе ја освежат комбинацијата, на вашиот изглед ќе му дадат уникатност.

p5ei84-l-610x610-sweater-cuteee-t+shirt-wear-wear-text-black-white-black+shirt-letter+t+shirts-black+sweater-pullover-black+pullover-uk-black+white-streetwear-streetstyle-quote-oversized+sweater-gr

3. Впечатлив накит

Комбинацијата во црно е секогаш добра основа за впечатлив накит. Можете да носите буквално што и да посакате, затоа што ќе изгледа одлично во контраст со едноставноста на облеката.

2286daa777d4c9fee298d9caac3933a6

4. Проѕирни детали

Направете комбинација од проѕирни материјали.  Голата кожа ќе биде детал покрај кој нема да ви треба накит.

e0e77a514bc3595fddd12ec3c44f0ded

5. Експериментирајте со слоевите и кроевите

Препуштете и се на фантазијата и експериментирајте. Носете асиметрични парчиња облека, карнери и слоеви материјал.

a587e599408d911bb1df35a2185e5b9d

6. Дискретен принт

Дискретниот принт на црна подлога е генијален начин да ја освежите целата комбинација. Ќе изгледате повпечатливо, но и понатаму класично и елегантно.

Le-Fashion-Blog-Street-Style-Black-And-White-Poppy-Delevingne-Miu-Miu-Sunglasses-Red-Lipstick-By-Vanessa-Jackman

7. Ефектни чевли

Еден пар ефектни, црни чевли никогаш не ви се вишок. Чизмите над колена се идеален избор кој може да го нозите со кратки фустани, здолништа, дезенирани хулахопки и зимски туники.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-08

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *