7 квалитети на жените кои имаат стабилни љубовни врски

Retro_and_Vintage_Look_on_Photo_in_PS_061

Дали некогаш сте се запрашале како некои жени успеваат да започнат или одржат стабилна љубовта врска, без премногу да се трудат? Не се работи за никаква магија или трик, туку за едноставни квалитети кои секоја жена треба да ги поседува пред да основа здрава врска.

1. Тие не дозволуваат да ги дефинира минатото

Без оглед на стравовите кои ги имаат и носат од минатото, работат на своето ослободување. Додека вие сте загрижени повторно да не ви се случи некоја неуспешна врска или едноставно не сте сигурни дали оваа ќе ви успее, тие веруваат дека имаат моќ да остварат успешно партнерство.


2. Автентични се

Жените кои се во длабока, емотивна врска не се плашат да бидат она што се. Тие секојдневно ги покажуваат своите маани и предности и со тоа го инспирираат партнерот да го направи истото.


3. Имаат самодоверба

Тие никогаш не се потпираат на партнерот, односно не сметаат дека на него треба да ја темелат својата самодоверба. Сомневањето во себе само ја отежнува работата.


4. Тие го поттикнуваат партнерот, наместо да го менуваат

Клучната разлика е во тоа дали сакате некого да промените или да го инспирирате да направи позитивни промени. Клучот е мотивацијата. Никогаш не се обидувајте да промените нешто затоа што вас така ви одговара.


5. Си дозволуваат да бидат ранливи

Не се плашат да му дозволат на партнерот да види во нивната душа. Тоа ја поттикнува довербата која не може да се изгради ниту со илјада зборови.


6. Не се злопамтила

Да се биде злопамтило во основа значи другиот постојано да се чувствува виновен и засрамен, а со такви чувства не се гради ниту една врска во животот, најмалку љубовна.


7. Тие му дозволуваат на партнерот да биде стручњак во нешто

Не постои ништо потоксично од врската во која има постојан натпревар. Жените во одлични и здрави врски ги знаат квалитетите на мажот кој го одбрале и немаат потреба да се натпреваруваат со нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *