5 намирници за кои мислевте дека се здрави, но не се

iStock_000012985841Medium

Во последно време луѓето почнаа повеќе да обрнуваат внимание на храната која ја внесуваат. 

Проблемот e што произведувачите следејќи го овој тренд, за да заработат почнаа да рекламираат секакви врсти на храна како „здрави“ и покрај фактот дека тоа не секогаш е вистина.

За овие 5 намирници сигурно мислевте дека се здрави, но вистината е сосема спротивна. Погледнете за кои намирници станува збор и следниот пат добро размислете пред да се одлучите да ги купите.

1. Салати

Често ги сметаме салатите како здрав оброк, но дали тоа секогаш е така? Салатите се здрави, но кога ќе им додадете разни сосови или мајонез тие престануваат да бидат добри за вашиот организам бидејќи на тој начин внесувате премногу непотребни калории.

2. Гранола енергетски плочки

Доколку сами ги направите тогаш ќе бидат навистина здрави. Но, ако ги купите од продавница бидете сигурни дека не сте направиле добар избор. Поголемиот број енергетски плочки кои може да ги најдете во продавниците се полни со шеќери и засладувачи.

3. Мусли

Овој појадок го претставуваат како здрав. Но ако купите мусли во продавница големи се шансите тие да бидат полни со шеќери и непотребни калории, а витамините кои ги содржат најчесто се од хемиска природа. Најдобро е сами да купите овесни снегулки, потопете ги во вода цела ноќ, а наутро додадете бадеми, ореви, мед или нешто слично по ваш вкус.

4. Пуканки

Пуканките навистина се здрави и содржат малку калории, но тоа не важи за оние приготвени во микробранова.

5. Црн леб

Црниот леб е најголем проблем. Речиси сите црни лебови всушност не содржат црно брашно од цели зрна, туку тоа е бел леб на кој само му е додадена боја. Вистинскиот црн леб нема да биде мек, туку тврд и лесен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *