5 јасни знаци дека обувките не ви одговараат

chevlite-i-opasnosta-obuvki-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-www_kafepauza_mk_

Сигурни сме дека и вие барем еднаш сте минале низ агонијата на купување прекрасни обувки за кои сте биле убедени дека ќе ги разгазите и на тој начин ќе се зголеми удобноста, но тоа на крајот не се случило. 

Колку и да се убави, ефектни и едноставно совршени, ако не ви се удобни, чевлите и сандалите не треба да се најдат на вашите нозе.

Денес ви откриваме 5 јасни знаци дека обувките не ви одговараат.

1. Стапалото премногу се лизга

Овој проблем главно се јавува кај сандалите со тенки ременчиња. Поентата е тие да го држат стапалото така што тоа убаво ќе лежи на целото дно. Но, кога падот е голем, а ременчињата широки доаѓа до лизгање, па прстите излегуваат од сандалите, што никако не е убава глетка. Ако ви се случува ова обидете се да го решите проблемот со силиконски перничиња под прстите. Ако и понатаму ви се лизгаат стапалата, време е да ги подарите сандалите на некој со широки стапала.

2. Болно одење

Доколку по само еден час откако ги облековте обувките почнете да чувствувате силни болки на делот под прстите, тогаш овој пар обувки никако не ви одговара. Нормално е да ве болат нозете ако го минете целиот ден на високи потпетици, но не и по еден час. Очигледно висината е преголема за вас, па едноставно треба да се запрашате зошто се мачите.

3. Постојано ви излегуваат плускавци

Нормално е да се појават плускавци кога носите нови обувки. Но ако се јавуваат секогаш кога ќе ги облечете обувките, дури и по месец дена носење и разгазување тогаш овие обувки не ви одговараат! Или се премали или калапот не одговара на вашиот облик на стапалата.

4. Лош баланс

Ако на вашите обувки со високи потпетици постојано имате чувство на лоша рамнотежа, па дури и нозете благо ви се тресат ова е јасен знак дека обувките не ви одговараат. Причината веројатно е лошо позиционираната потпетица – или е премногу позади, на самиот крај на петата или потпетицата не е добро фиксирана за обувките или пак потпетиците ви се премногу високи.

5. Ременчињата ве стегаат

Обувките со ременчиња може да изгледаат навистина секси и впечатливи. Но ако истите ременчиња ве стегаат заборавете на секси изгледот. Ова може да ви прави проблем ако подолго стоите. Ако ременчињата не се прилагодат на вашата нога по неколку седмици овој пар обувки не е за вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *