4 трикови за подобро и побрзо правење плетенки

PicMonkey Collage(322)

На сите ни се има случено да се одлучиме да сплетеме плетенка, да се наоружаме со трпение, да ја сплетеме, расплетеме, повторно да ја сплетеме, па се да се искомплицира и на крајот да ја врземе косата во едноставно репче.

Заборавете на ова сценарио! Експертите ни откриваат 4 мудри трикови за полесно и побрзо правење плетенки.

1. Одберете ги вистинските укосници – Укосниците за пунџи се одличен избор и за плетенки. На секоја плетенка некогаш и е потребна потпора, па дури и на оние неуредните. Исто така, може да ги искористите да и дадете дополнителен волумен на својата плетенка така што ќе ја вовлечете под прамените и ќе ја извлечете нагоре. На овој начин подобро ќе ја контролирате големината на прамените наместо да го правите тоа со чешел.

2. Исплетете ја косата во природна состојба – Ако имате виткана или брановидна коса можеби мислевте дека пред плетењето подобро е да ја исправите и дека така ќе изгледа подобро. Грешка! Ако користите преса косата може да стане премногу мазна и лизгава и плетенката нема да држи доволно долго, а големи се шансите брзо да се расплете. Исплетете ја косата виткана и ќе добиете супер постојана фризура.

3. Нечиста коса е подобар избор – Наместо да ја сплетете плетенката на тукушто миена коса, почекајте еден ден малку да се извалка. Чистата коса знае да биде свилена и да „бега“, па може да ви биде потешко да ја сплетете.

4. Креативноста е на прво место – Кога станува збор за плетенки тука нема никакви правила! Можете однапред да испланирате каква ќе ја направите, а можете и за време на изработката да смислувате како таа ќе изгледа. „Неуредните“ плетенки се подеднакво шик како и оние совршени и мазни. Кога се работи за плетенки добро е да се нема план!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *