4 трикови за да изгледате повитки

blogue-violaine-getty

Виткиот изглед обично подразбира губење на вишокот килограми со помош на старите добри вежби и регулиран режим на исхрана. Но во меѓувреме, можете да создадете илузија на виткост со неколку едноставни трикови.

1. Вежбајте подобро држење

Кога сте подгрбавени делувате пониски, а во стомакот добивате „наслаги“ кои и не постојат. Не мора да изгледате како да сте проголтале даска, но секогаш опоменувајте се да го исправите ‘рбетот, да го вовлечете стомакот и да ги подигнете градите. Застанете пред огледало и вежбајте совршен став на телото. Ова ќе ја издолжи вашата линија, а вишокот килограми визуелно ќе ве истенчи.

2. Додадете висина на вашето тело

Не мора да купувате вртоглаво високи потпетици, но чевлите и чизмите со потпетици ќе ви додадат барем неколку сантиметри во висина – а колку сте повисоки толку повитки ќе изгледате.

3. Насочете ги погледите кон лицето

Ако сакате луѓето да не се фокусираат на вашите колкови или половина, облечете фустан и ставете модерни детали кои ќе го привлечат вниманието кон лицето и деколтето. Носете деколте со интересни ланчиња и одберете принтови кои го истакнуваат горниот дел од телото. Накитот кој виси – како долги обетки или шарени впечатливи ланчиња ќе го свртат вниманието кон вашето лице.

4. Носете гардероба во соодветната големина

Можеби мислите дека вреќаст фустан или маица ќе ви помогнат да ги скриете вишокот килограми – грешите! Секогаш е подобро да облечете нешто што ви одговара според големината ако не сакате да изгледате покрупно отколку што сте. Преголемата облека всушност ќе направи да изгледате покрупни, па затоа истакнете ги своите секси облини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *