4 работи кои партнерот не смее да ги знае за вас

40fb7133f17c13c51388b64e68d8d004

Искреноста е темел на секоја врска, но некои работи жената мора да ги задржи за себе. Вие можеби ќе се чувствувате подобро ако му кажете некои поединости не мислејќи дека со тоа би можеле да создадете проблем.

Мажите може да бидат чувствителни и откривајќи детали кои не се од вашата врска би можеле да го направат несигурен, „студен“ и лут.

Затоа за добро на вашата заедничка иднина два пати размислете пред да почнете да зборувате за бившиот и за други чувствителни теми.

1. Секс со бившиот
Мажите сакаат да мислат дека се најдобри од сите со кои некогаш сте спиеле. Тој не сака да слуша дека вашето бившо момче имало „поголем“ и дека сексот ви бил сензационален. Тоа би можело да му создаде комплекс и да помисли дека тој нема д аможе така да ве задоволи.

2. Пријател во кого сте биле вљубени
Ако и понатаму сте во контакт со тој пријател, во никој случај немојте да му кажете дека некогаш сте биле заљубени во него. Може да стане параноичен секогаш кога ќе посакате да отидете на кафе со него и да побара од вас да не се гледате повеќе.

3. Грижата за изгледот
Мажите не ги интересира како неговата партнерка ги отстранува несаканите влакна, со што ги покрива акните и што сè прави за да изгледа така како што изгледа. Затоа вешата грижа за изгледот нека остане ваша тајна, барем пред да влезете во авантурата наречена заеднички живот.

4. Сè уште мислите на бившиот
На самиот збор „бивши“ на мажите им се крева косата на главата, а замислете што би се случило ако на сегашниот партнер му спомнете како сте имале одлична врска и добар секс. Колку помалку знае вашето момче за бившиот, тоа подобро. Премногу информации само ќе му ја поттикнат фантазијата, на ваша штета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *