20 причини за да го посетите Охрид

mkd-131647

Охрид, еден од најубавите македонски градови, бисер на Балканот, познат е и како балканскиот Ерусалим. Постојат илјадници причини зошто треба да го посетите, а во редовите подолу ние издвојуваме 20:

1. Прекрасното Охридско Езеро

Главниот „украс“ на градот Охрид.

2. Старата чаршија

И мирисот на печени клавчиња во летните ноќи.

3. Црквите и манастирите

Турскиот патописец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.

4. Галичица

Мост меѓу Охридската и Преспанската котлина. Поради прекрасните природни убавини, поголемиот дел од планината (22.750 хектари) е прогласен за национален парк во 1958 година.

5. Манастирскиот комплекс Св. Наум

И прекрасната околна природа.

6. Трпејца

Заради кристално чистата вода, својата привлечност за туристите и природните убавини на околината во јавноста е позната и под името македонско Сен Тропе

7. Самоиловата тврдина

Се смета за една од најголемите фортификации зачувани во Македонија. Првпат била споменета од страна на историчарот Тит Ливиј во 3 век п.н.е, уште додека била тврдина на градот Лихнид.

8. Магичниот поглед од Св. Јован – Канео

Прекрасни пејзажи и романтично зајдисонце. Одлична идеја за состанок со вашата „симпатија“.

9. Скриените диви плажи околу Љубаништа

Идеални за авантуристите (и нудистите).

10. Ноќниот живот

Тука е главната забава во летните денови.

11. Охридската пастрмка

Најпознатиот и највкусниот охридски специјалитет.

12. Археолошкиот локалитет – Залив на коските

Местото е наречено „Плоча Миќов Град“ и денес има реконструкција на наколните живеалишта. Најблискиот колец од вкупно 6.000 откриени е на 12 метри во езерото, со што се претпоставува дека е тоа колец од мостот што ја спојувал населбата. Се претпоставува дека се простирала на платформа од околу 8.500 м², а на неа имало можеби и 60-ина живеалишта. На местото се откриени многу остатоци од орудија, предмети од керамика, дрво, од камен и делови од животни како еленски рогови.

13. Малечката симпатична плажа Оревче

Плажата која се карактеризира со младешки дух, пријатен амбиент и интимност.

14. Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник

Во манастирот околу црквата во времето на Св. Климент се наоѓала Охридската школа, жариште на словенската писменост и култура. Овде Климент Охридски, прв писател меѓу македонските Словени, ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и Пофалното слово за Кирил, ремек-дело на средновековната словенска книжевност.

15. Архитектурата на стариот дел на градот

Рапавите тесни калдрми, високите бели куќи со карактеристични темни рабови, продавачите на разни аксесоари и околни рустични барови го прават ова место навистина посебно.

16. Стариот чинар

Постои легенда дека истиот бил посаден од Св. Климент Охридски.

17. Богатата историја

Охрид може да се нарече и  духовна престолнина на Македонија. Градот на древноста, со волшебното сино езеро, град со долговековна културна историја со вредностите на античката цивилизација, градот со првиот сесловенски универзитет во Европа, градот на Самуиловото царство и најпосле градот – репрезент на целокупната македонска културна и духовна историја.

18. Античкиот театар

Античкиот театар бил изграден пред два милениуми, во периодот на доцнежниот хеленизам, а бил преадаптиран веднаш по римските освојувања на овие краишта.

19. Фестивалите и манифестациите

Секое лето голем број на културни и уметнички манифестации ги разубавуваат ноќите во градот. Фестивалот Охридско лето веќе 55 години успешно опстојува и мами посетители со богатата програма.

20. Охридски бисери


Главното место во чаршиските дуќани го има охридскиот бисер, и тоа уште од 1924 година кога и се појавил. Нема жена што не сака да носи охридски бисер. Првенствено љубовта кон самиот охридски бисер е повод за жените да го купат, а како непишано правило момчињата им подаруваат бисери на своите девојки на свршувачката, како еден вид симбол на љубовта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *