20 брзи трикови кои ќе ви помогнат да ослабете

diets-feature

Сакате да ослабете без многу труд и мака? Тоа е возможно ако се послужите со мудри трикови кои ќе ви помогнат во тие напори!

1. Јадете 6 помали оброци во текот на денот.

2. Трчајте 10 спринтови по 100 метри и на тој начин согорете до 500 калории. Почекајте 2 минути пред стартот на следниот спринт.

3. Облечете дуксер пред тренингот. Кога мускулите се загреани се согоруваат повеќе калории.

4. Користете помала чинија за вечера. Важно е да ја ограничите количината на внесена храна.

5. Користете сина чинија за вечера. Научните истражувања покажаа дека оваа боја има влијание на намалувањето на апетитот, наспроти жолтата и црвената кои имаат контра-ефект.

6. Мајонезот и павлаката заменете ги со немасен јогурт и така намалете го внесот на 700 калории.

7. Јадете неизлупени кикиритки, докажано е дека ќе изедете 50% помалку.

8. Џвакајте гума за џвакање без шеќер по оброците. Ментолот му испраќа сигнал на мозокот дека времето за оброк е завршено.

9. Јадете ф’стаци наместо переци како меѓуоброк. Тие се здрава диетална намирница која ќе ви го забрза метаболизмот.

10. Вежбајте јога – ќе потрошите по 334 калории на секој час!

11. Воведете задолжителен пост еден ден во седмицата. Тоа ќе му помогне на телото да се прочисти од токсини и „тешки“ намирници.

12. Заменете го утринското пециво со житарки или јајца.

13. Најдете партнер за тренинг. Оние кои тренираат во друштво имаат 34% поголеми шанси да не го пропуштат тренингот.

14. Јадете на трпезариска маса, а не на кауч.

15. Пијте повеќе вода. Дехидрирањето може да му прати лажен сигнал на мозокот дека сте гладни.

16. Најдете ваша фотографија кога сте биле во најдобра форма и гледајте ја од време на време. Така ќе останете мотивирани.

17. Одете со велосипед на работа. Потрошувачката на калории изнесува 500 на час.

18. Програмата за тренирање менувајте ја на 6 седмици за организмот да остане шокиран.

19. Средете ја кујната. Важно е да ги сокриете од видно место сите намирници кои можат да се јадат „попатно“.

20. Џвакајте побавно. Истажувањата велат дека така ќе изедете помалку храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *