15 работи што сите Македонци ги имаат во нивниот дом

PicMonkey Collage

Без разлика на тоа каде ќе прошетате, што сè ќе видите, научите, искусите и доживеете, Македонецот во вас нема никогаш да ги искорени навиките кои ги научил во својата татковина. А во многу погледи сме единствени. Еве неколку работи кои можат да се пронајдат во речиси секоја македонска куќа, вклучувајќи ја и вашата:

1. Ќеса полна ќеси.

2. Канче сладолед во замрзнувачот полно со сарми.

3. Пластично шише за железни пари.

4. Нови тенџериња и тави што не ги користат зошто старите сè уште се употребливи (какви-такви).

5. Ракија за пиење, лечење, масажа и бришење прозори.

6. Сервис чаши што се чува за специјални пригоди (кои никако да дојдат).

7. Домашно направено масло од кантарион, идеално за секоја мака.

8. Подрум полн со слатко, ајвар и туршија.

9. Календар стар најмалку 5 години.

10. Миленце на телевизор.

11. Далечинско во најлонче.

12. Шише од шампон половично дополнето со вода.

13. Кутија колачи (за ако дојдат гости).

14. Леб во секое време и за секакви јадења!

15. Зачин Ц тенџере

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *