11 одлични трикови за уредување на спалната соба

0-Before-After-2

Завршивте факултет, можеби почнавте да работите и без разлика дали живеете сами, со родителите или со партнерот влеговте во светот на возрасните. Го променивте начинот на облекување и станавте малку посериозни. Сепак, вашата спална соба и понатаму личи на соба на еден студент.

Ви прикажуваме 11 начини да ја преуредите и да ја прилагодите на новите животни потреби.

1. Одберете соодветна боја за ѕидовите

1-ColorPalette1

Можеби имавте откачени тапети или дречливо зелена боја на ѕидовите. Време е за целосна преобразба. Одберете боја што ќе се вклопи со мебелот, но не заборавајте дека во спалната соба сè треба да ве опушта.

Боите кои најмногу опуштаат се: светло-зелена, темно-виолетова, бела, светло-сина, светло-жолта, тиркизна и праска боја.

2. Исфарбајте го потпирачот на креветот

2-DIY-Headboard-4

Доколку потпирачот на креветот е во боја на дрво или бел, префарбајте го за уште еднаш да заблеска – всушност направете го тоа со целиот кревет. Ако вашиот кревет нема потпирач, набавете си или доколку сте доволно вешти направете си сами. Вашиот кревет ќе изгледа многу поубаво.

2-DIY-Headboard-1

Сепак, тоа не е сè! Не сакате потпирачот да биде здодевен, па задолжително освежете го со некоја боја. Доколку фарбате на бела, мазна површина, фарбата ќе се излупи. Она што треба да направите е да го свртите потпирачот наопаку на рапавата страна. Бојата убаво ќе се упие и нема лесно да се паѓа.

На фотографиите подолу погледнете интересен „направи сам“ проект, доколку не сакате еднобоен потпирач.

2-DIY-Headboard-2

Потребни материјали:

  • светло-сина боја
  • темно-сина боја
  • четка за фарбање
  • изолир трака

Упатство:

  1. Свртете го потпирачот наопаку, на рапавата страна на која полесно може да фарбате.
  2. Залепете изолир трака дијагонално на околу една третина од плочата.
  3. Фарбајте прво со светлата боја и поминете три пати, а потоа причекајте да се исуши.

2-DIY-Headboard-31         4. Поставете ја траката во должина на дијагоналата на која беше залепена, но оставете половина сантиметар од фарбаниот дел да се гледа за да се уверите дека линијата е совршено права.

2-DIY-Headboard-32

5. Исфарбајте го преостанатиот дел со темна боја и кога ќе ја отстраните траката и ќе оставите да се исуши, вашата работа е готова.

2-DIY-Headboard-33

А ова е крајниот резултат:

2-DIY-Headboard-0-horz

Над него можете да ја прикачите омилената слика или украси кои ве потсетуваат на важни моменти, но кои ќе се вклопат во ентериерот.

3. Променете ја постелнината

0-Bedroom-Wide-No-Anj

Се разбира, не мислиме на редовното менување на постелнината, туку да набавите нова постелнина која ќе се вклопи во новата соба. Доколку собата ви е мала, белата постелнина визуелно ќе ја зголеми.

4. Поставете наткасна покрај креветот

4-Nightstand-1

Наткасната не само што е сладок детал во собата, туку е и многу практичен. Тука ќе стојат книгите кои ги читате пред спиење, будилникот, кремата за раце и сè што би ви било неопходно.

5. Заштедете простор со ѕидна ламба

5-Sconce

Ноќната ламба е неопходна во секоја спална соба. Сепак, на наткасната би можела да зафаќа премногу простор. Решението е ѕидна ламба, која може да биде и декоративен елемент.

6. Преуредете го орманот

6-Hangers-1

Јасно ви е дека израснавте многу парчиња од гардеробата, а многу од нив веќе и не се во мода. Ова е тежок дел, но бидете искрени и одвојте сè што не носите. Некој друг сигурно ќе се израдува на овие работи.

6-Hangers-2

Потоа, набавете еднакви, по можност, дрвени закачалки и закачете ја гардеробата.

7-Hooks

Исто така, на ѕидот или вратата од орманот поставете ѕидни закачалки каде ќе ви стои она што најчесто го носите (сигурно не сакате да ви стои на кревет или на столчето).

7. Наредете ја гардеробата според бојата

7-Color-Closet

Ништо нема да му даде на орманот впечаток на уредност и педантност како гардероба наредена според бојата. Исто така, на овој начин сè ќе биде многу попрегледно и точно ќе знаете што каде се наоѓа.

8. Користете сталак за чевли за да го намалите нередот во орманот

8-Shoe-Rack

Додека ја одвојувавте гардеробата што не ја носите, сигурно ви било најтешко да се одвоите и од некои чевли. Сепак, тие навистина прават гужва во орманот, па најдобро решение е да ги наредите на сталак за чевли, за сè да делува поуредно.

9. Ставете сè што не носите често под креветот

9-Under-the-Bed

Сета сезонска гардероба и сè она од што не можете да се откажете толку лесно најдобро е внимателно да го спакувате во голем куфер кој можете да го сместите под креветот. Ќе заштедите простор, а и сè ќе ви биде на дофат.

10. Прилагодете ги завесите на ентериерот

11-Decor-horz

Кога веќе ги променивте повеќето работи во собата, време е да ги промените и завесите. Најповолна варијанта е да купите бела, памучна завеса и со помош на фарба за ткаенина во соодветна боја, следејќи ги чекорите од сликата погоре, сами да направите интересно ремек-дело.

11. Минимализмот секогаш е добар избор

3-Anj-Napping

Сигурно не сакате да престојувате во стерилна и студена просторија, но вашата соба не треба да биде ни премногу натрупана со детали. Со вкус и мерка одберете го она што ви е навистина корисно и убаво и вклопете го на најдбар можен начин.

Навистина не се потребни многу пари за да го преуредите просторот. Потребни се само добри идеи, а ние се надеваме дека ви дадовме неколку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *