1000 години стара мумија откриена во древна статуа

ancient-chinese-buddhist-mummy-inside-statue-ct-scan-liuquan-1

Скенирањето на една будистичка статуа која датира од 11 и 12 век, откри навистина необична тајна. Имено, во нејзината внатрешност биле сокриени останките на будистички монах, чии органи биле заменети со древни кинески хартиени свитоци. Научниците веќе претпоставувале дека во внатрешноста на статуата се наоѓа мумија, меѓутоа, се досега немале официјална потврда за тоа.

Медицинскиот центар Дрентс во Холандија, им даде јасна визија за тоа како изгледа скелетот кој се крие во внатрешноста на овој „кофчег“. Она што најмногу ги изненадило луѓето кои работеле на овој проект, е тоа што хартиените свитоци кои се криеле во внатрешноста, откриле дека телото е на Лиукван, древен будистички учител од Кинеското училиште за медитација.

Тоа што го прави ова откритие уште поинтересно е фактот што неодамна пронајдоа друга мумифицирана мумија, тело на монах од Монголија, за кој многумина веруваат дека едноставно се наоѓа во напредна медитативна состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *