10 трикови за брзо стилизирање на косата

woman-doing-hair-625km102513

Стилизирањето на косата не мора да биде комплицирано и долготрајно.Постојат фризури кои се прават брзо и лесно, а постојат и едноставни трикови со кои ќе можете да ја стилизирате косата уште побрзо и да добиете одлични ефекти. Погледнете ги нашите 10 омилени:

1. Ако имате рамна коса лесно можете да направите бранови со помош на преса и алуминиумска фолија:

Замотајте ја косата околу прстите како што е прикажано на сликата. Замотајте ја во алуминиумска фолија и притиснете ја со преса за коса. Фолијата ќе овозможи температурата рамномерно да се распореди. По неколку минути пуштете ја косата и ќе добиете природни бранови.

2. Направете брза пунџа со помош на трака за коса

Замотајте ја косата околу делот од траката која ќе оди позади вратот, па наместете ја околу главата на вообичаениот начин. Ќе добиете брза ниска пунџа.

3. Употребете федер за коса наместо еден куп шнолички за да направите пунџа

Наместо шнолички можете да искористите практични федери за коса кои се вметнуваат во пунџата и на тој начин ја држат.

4. Скријте го стегачот со прамен од косата

Одвојте прамен од репчето и со него скријте го стегачот за поуреден изглед.

5. Сокријте го израснатиот корен со помош на сенка за коса

Веќе е време за ново фарбање на косата и вашата природна боја е видлива кај корените? Едноставно со четка натапкајте малку сенка за очи во нијансата на косата и одложете го фарбањето за друг ден!

6. Со едноставен трик до пополна плетенка

Ако имате тенка коса и плетенката ви изгледа претенка, можете да постигнете ефект на бујност и густина така што откако ќе ја исплетете благо ќе ја раширите со прстите.

7. Дајте и текстура на плетенката-венец

Плетенката венец е многу популарна во лето кога треба да ја тргнете косата од лицето, а да добиете еден опуштен хипи изглед. Сепак, многу подобро изгледаат кога се малку неуредни. Тоа може лесно да го постигнете користејќи стара четкичка за заби. Едноставно расчешлајте ја косата со неа но во спротивен правец!

8. Подолго опавче со едноставен трик

Наместо едно, врзете две опавчиња едно под друго и кога ќе погледнете одзади ќе изгледа како да имате едно долго опавче.

9. Брзи брановидни прамени со помош на плетенки и преса за коса

Исплетете плетенка, па притиснете ја со преса по целата должина. Кога косата ќе се олади, расплетете ја плетенката и косата ќе стане брановидна.

10. Тргнете ја косата на една страна 

Врзете ја косата од едната страна во мало репче кое ќе го насочите преку рамото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *