10 тајни на паровите кои остануваат заедно до крајот на животот

54833a288e32e_-_mcx-happy-couples(1)

Нема ништо поубаво од тоа да видите заљубен пар, без разлика дали партнерите имаат 20, 50 или 80 години. 

Сепак, оние кои и покрај се остануваат заедно до крајот на животот имаат 8 тајни до кои се држат, а ние ви откриваме кои се тие.

1. Секојдневно прашувајте го партнерот каков му бил денот

И самите знаете колку може да биде тежок денот на работа. Доколку дојдете дома и знаете дека тука има некој кој навистина се грижи и кому можете да му се пофалите или пожалите, тоа ќе биде личност кај која секогаш ќе сакате да се вратите.

2. Со врската доаѓаат и обврски

Можеби не сте среќни што вашиот партнер сака секоја сабота да возите велосипед во природа, но доколку и тој прави некои нешта само заради вас ќе сфатите дека тоа не е обврска туку задоволство. Едноставно, кога вашиот партнер е среќен и задоволен, но и благодарен и вие ќе се чувствувате така.

3. Малите изненадувања секогаш се добредојдени

И сами знаете колку се радувате кога вашиот партнер доаѓа дома со вашиот омилен сладолед, па потрудете се да го израдувате со нешто што најмногу сака тогаш кога најмалку очекува.

4. Понекогаш пропуштете некој важен настан само за да одвоите време еден за друг

Доколку пријателите ве поканиле на вечера на единствената слободна вечер за вас двајца, не мора задолжително да одите. Како што минуваат годините ќе сфатите дека ретко ќе имате време еден за друг, па понекогаш е подобро да се стуткате еден во друг и да ги исклучите телефоните.

5. Не можете да претерате со „те сакам“

Кажувајте му на партнерот „те сакам“ што почесто. Иако делата се поважни од зборовите никогаш нема да ви здодее да го слушате ова од вашиот партнер.

6. Заменете го во домашните задачи

Имате договор партнерот да ги набавува намирниците и да фрла ѓубре, меѓутоа кога знаете дека е прекувремено на работа не чекајте дома, туку направете го она што тој требало да го направи. Ќе ви значи и кога тој ќе ги измие садовите место вас.

7. Не доцнете

Ако знаете дека вашиот партнер е точен и не сака другите да го чекаат, не дозволувајте во моментот кога треба да тргнете на некоја свеченост да се сетите дека мора да нанесете лак за нокти.

8. Меѓусебно известувајте се за плановите 

Доколку одлучивте по шопингот да одите на вечера со пријателките задолжително информирајте го партнерот за тоа бидејќи не е убаво да не знае, а и нема потреба да се грижи. Исто така, доколку заедно треба да одите на роденден кај ваша колешка не му кажувајте за тоа еден час пред да тргнете. Всушност, не го правете она што не сакаат да ви го направат вам.

9. Не расправајте се додека сте на патување

Често се случува со часови да барате хотел, да станете нервозни, собата да не е онаква како на фотографиите и некој од вас да заборави да спакува нешто важно. Се може да премине на шега и понатаму да се памети како одлична анегдота, а не кошмар.

10. Расправијата не мора да значи крај

Доколку не станува збор за многу сериозен проблем преку кој не може да се помине, расправиите кои често се одраз на нерасположение кое всушност нема врска со партнерот, не мора да доведат до крај на врската. Паровите кои се сакаат го знаат тоа и знаат како да ги надминат конфликтите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *