10 разлики меѓу врска со жена и девојка

???????????????????????????????????????????????????????

Момчињата ги привлекуваат девојки, додека вистинските мажи се фасцинирани од жените. Но, не зборуваме за возраста, туку за манирите, начинот на размислување и зрелоста. За тоа како индивдуите гледаат на животот. Постојат многу момци и девојки кои никогаш „нема да пораснат“. Во листата подолу ви прикажуваме 10 разлики кои ќе направат да препознаете дали сте во врска со девојка, или со жена.

1. Девојките кријат тајни од своите партнери, но жените не се плашат да се соочат со своите мажи за нив. Тие знаат дека комуникацијата, довербата и искреноста се важни столбови за цврста врска.

2. Девојките не сакаат да чистат и готват, и се горди на овој факт. Но вистинските жени ова го гледаат како грижа за себе, и внимание за нивните најблиски. Сепак, тие се свесни дека ова не е нивна одговорност, туку право на избор за хигиената околу нив и здравиот начин на живеење.

3. Девојките ја следат толпата, жените ја водат. Ова особено важи за модните трендови, кои повеќето девојки слепо ги следат.

4. Девојките очекуваат нивните партнери да знаат како тие се чувствуваат и што мислат. Жените се служат со зборови.

5. Девојките зборуваат за површни работи: облека, шминки, трендови, и за луѓето кои ги опкружуваат. Жените умеат да прават подлабоки разговори и имаат основно познавање од политика, култура, уметност итн. Тие имаат свое хоби, свои интереси и свои ставови, додека повеќето незрели девојки немаат развиено сопствено критичко размислување.

6. Девојките очекуваат вие да ја платите сметката, жените се финансиски независни.

7. Девојките ќе ве обвинуваат вас за секоја кавга, додека на жените не им е тешко да признаат кога згрешиле.

8. Девојките врескаат за внимание, жените пак – за почит.

9. Девојките се нетрпеливи и ве притискаат, додека жените ќе имаат разбирање дека имате и други работи и обврски во животот.

10. Девојките сакаат да се облекуваат провокатвно, за да се чувствуваат секси. Жените знаат дека ќе изгледаат секси без разлика на тоа како ќе бидат облечени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *