10 работи кои не ги знаевте за Гадафи и неговото владеење

57437030_gaddafi_223581c

Веројатно првите асоцијации кои ви паѓаат на памет кога ќе слушнете за Муамер ел-Гадафи се тиранин, диктатор и терорист. Но, постојат илјадници граѓани во Либија кои не би се согласиле со известувањата пренесени од страна на светските медиуми. Секогаш постои и друг агол на работите. Еве 10 факти за Гадафи и неговото владеење, за кои поголемиот дел од светот не е ниту свесен:

1. Во Либија, домот се смета за природно човечко право. Нововенчаните двојки добиваа 50.000 долари за да купат сопствен дом. Мајките и нивните новороденчиња пак добиваа по 5.000 долари.

2. Електричната енергија беше бесплатна за сите. Сметки за струја, не постоеја.

3. Образованието и здравството исто така беа во целост бесплатни. Доколку некој не беше задоволен од здравството или од образованието во Либија, либиската влада му даваше пари за да му овозможи пристап до она што му е потребно во странство.

4. На банките им беше со закон забрането да наплаќаат камати за кредитите.

5. Доколку некој Либиец решеше да купи автомобил, владата му плаќаше половина од цената.

6. Секој што сакаше да стане земјоделец или фармер добиваше државно земјиште на бесплатно користење, куќа, опрема, стока и семе.

7. Либија е земја што, покрај нафтата, има 144 тони злато во трезорите на Централната банка, земја што не е задолжена ниту кај ММФ, ниту кај Светската банка ниту кај која било друга финансиска институција на светот, и земја што, под Гадафи, беше богата, суверена и независна.

8. Либија го изгради најголемиот систем за наводнување во светот, исто така познат и под името „вештачка река“. Финансиран од страна на владата, Гадафи го нарекуваше овој проект и „осмо светско чудо“.

9. Нафтата беше речиси бесплатна. 0,14 долари за литар, односно нешто помалку од 8 денари.

10. Тој го подигна степенот на едукација. Пред неговото владеење, само 25% од жителите на Либија биле писмени. Со текот на годините оваа бројка се искачила на 87%.

Пред падот на Триполи, Гадафи се обидуваше да ги соедини земјите на Африка со една заедничка валута, златниот динар. Повеќето држави ја поздравија оваа идеја, која претставуваше опасност за веќе постоечката светска економија. Иако ова можеше да биде значаен прогрес за Африка, сепак, постоеја големи шанси негативно да се одрази врз американскиот долар. Бројни поддржувачи на владеењето на Гадафи сметаат дека ова е вистинската причина зад ликвидацијата на „тиранинот.

Само оние кои живеат во Либија можат најдобро да кажат дали неговото владеење во реалноста било терор и диктатура. Сепак, факт е дека и покрај големиот број на негативни гласини кои кружат околу неговото име, тој има направено бројни позитивни работи за оваа земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *