10 причини зошто паметните жени потешко наоѓаат партнер

why-smart-women-are-still-single

Интелигентните жени потешко наоѓаат вистински партнер. Околината најчесто мисли дека нешто не е во ред со жените кои не се во врска. Дефинитивно не е така.

Десет причини поради кои паметните жени потешко наоѓаат љубов:

1. Тие не се плашат да бидат сами

Паметните жени знаат што сакаат и не се подготвени и не се согласуваат на нешто помалку од тоа. Тие знаат колку е важно да се биде верен на себе си. Исто така сфатиле дека жртвувањето на своите потреби за љубов со погрешно лице долгорочно ќе предизвика само незадоволство.
Тие не се врзуваат поради стравот од осаменост или поради мислењето на околината дека жената не може да биде сама и среќна.

2. Знаат што сакаат

Секоја жена има ментална „листа“ на карактеристики кои ги бара во својот партнер. Листата на паметните жени е подолга од листата на жените кои сакаат да бидат во врска само за да бидат со некого.

3. Ним не им треба друг да им го олесни животот

Во современиот свет на жената не и треба некој за да би преживеала. На независната жена делењето на просторот со некого може да и биде застрашувачки.

nrm_1406731060-woman-chalkboard

4. Тие имаат поприоритетни обврски од пронаоѓањето на партнер

Кариера, пријателства, семејство, без оглед за што се работи, не им останува доволно време за излегување и запознавање на вистински партнер.

5. Тие се хиперсвесни дека односите завршуваат и нивните сознанија од минатото влијаат на нивните идни потенцијални врски

На паметните жени им е потешко да „живеа во моментот“ и не сакаат да го губат своето време со некого кој не им одговара.

6. Тие знаат дека привлечноста е само половина битка

Физичката привлечност е важен аспект за пронаоѓање на љубов, но паметните жени знаат дека привлечноста е краткотрајна и може да исчезне кога ќе се погледне подлабоко.

smart-woman

7. Тие можат да бидат застрашувачки

Интелигентната жена не се плаши да стане и да каже што мисли. Тоа за потенцијалните љубовници, па дури и за пријателите може да биде застрашувачки.

8. Тие ја разбираат промената

Тие не се залажуваат дека тие самите и нивните партнери ќе бидат истите во иднина. Тие имаат планови за иднината кои ќе ги променат и на крај иднината ќе ги смени и нивните желби. Знаејќи го тоа, на паметните жени потешко им е да се врзат за партнер на подолго време.

9. Врската веќе не е средство за преживување на жените

Жените денес се способни да живеат сами.

10. Тие знаат дека не треба секогаш да им се верува на емоциите

Тоа е најважната причина зошто паметните жени потешко пронаоѓаат љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *