10 неочекувани употреби на искористените ќесички чај

21f3ff57-97e8-41db-a672-8cb0fe2d6fb6

Чајот не е само топол напиток кој може да се искористи за детоксикација на вашиот организам. Тој е многу повеќе од тоа. Сигурно откако ќе го испиете, веднаш ги фрлате ќесичките чај во корпата за отпадоци. Тоа е вистинска штета, бидејќи во редовите подолу ќе ви покажеме 10 дополнителни благодети од овие ароматични филтеризирани намирници.

1. За чистење на садовите за готвење

Едноставно, истријте ги со искористената ќесичка чај, и подоцна уживајте во резултатите.

78b1e878-cdb9-47ba-804a-b2d2eafe352f

2. Лек за гребаници

Притиснете ја ќесичката со чај над повреденото место и оставете да отстои неколку минути. Ова ќе помогне за раните побрзо да се излечат.

4ae8f036-da7a-4f71-9e19-2ab2cc39b410

3. Храна за градината cea88470-d514-4da7-aadd-37d806b02a07

Ќесичките од чај можат да се стават и во улога на ѓубриво за градината. Едноставно, ставете ги во дупка која се наоѓа во близина на растенијата, или пак распрскајте ги исушените ливчиња од чајот врз нив.

4. Зачин за тестенини 5f2adfec-bdd4-4ad7-8bd1-9a3dc9868f81

Вo зависност од тоа каков чај пиете секако. Оние, билните, можат да се употребат и како зачин за тестенините кои ги готвите. Едноставно, додадете ја ќесичката чај во водата во која планирате да ги сварите, и откако ќе зоврие, извадете ја.

5. Заштита од инсекти

Ставете исушена, искористена ќесичка чај во фиоките и полиците како „штит“ од инсекти и глувци. Најдобар ефект имаат оние од нане, и цимет.

????????????????????????????????????????

6. Пилинг за тело, лице или стапала

Во комбинација со сол и некое миризливо масло, ќесичките чај можат да послужат и како одличен пилинг за вашето тело.

ade7f2e3-af8c-42dc-846e-25ffa8806453

7. Чистач за прозорци

Како? Едноставно, сместете ги употрените ќесички во боца за спреј, и користете ја како и секој друг детергент.

39db806c-a90a-47a3-ac13-14fe3cf857f2

8. Ги смирува уморните очи

Ова е добро позната и класична употреба на искористените ќесички. Нанесете ги на уморните очи 15 минути, и ослободете се од подочниците и црвенилото во очите.

4.1.1

9. Помага при изгореници

Без разлика дали станува збор за обична изгореница или онаа од сонце, употребете ја ќесичката чај како додаток во кадата со вода да отстои 30 минути.

60a96240-7f9d-4e39-b5b9-800fa5e49f63

10. Ја смирува воспаленоста од жилетот

При бричењето на брадата, често лицата на мажите знаат да претрпат воспаление. За да го смирите црвенилото, поставете ги искористените ќесички чај на воспалените места и оставете да дејствува се додека болката не се ублажи.

29fd368a-5081-4f12-b18b-7450ddb4085c

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *