10 „направи сам“ проекти кои ќе ви го олеснат животот

PicMonkey Collage

Организирањето на домот во исто време е и задоволство и предизвик. Вистина, постојат куп продукти кои може да ги купите за да ви помогнат во организирањето, но зошто да не се обидете сами да ги направите од предмети кои веројатно веќе ги имате во домот.

Ние ви подготвивме 10 интересни „направи сам“ предлози кои нема да ви одземат многу време.

1. Шарена закачалка

На дрвена основа зашрафете повеќе различни шарени закачалки. Користете ја за да чувате марами, клучеви, чанти.

eclectic-key-hook-diy

2. Футрола за чување на четки за шминка од подметнувач

Искористете подметнувач од бамбус за да направите нeoбична футрола за шминките.

bamboo

3. Простор за штикли

Сè што ви е потребно е една стара дрвена скала.

10-napravi-sam-proekti-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-03

4. Држач за обетки

Закачете обична жица за внатрешноста на рамката за да добиете практичен држач за обетки, кој во исто време ќе биде и украс.

10-napravi-sam-proekti-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-04

5. Закачалка од шрафцигери

Искористете ги старите алати за да направите интересна и оригинална закачалка.

hangers

6. Држач за моливи и пенкала

Ставете празни ролни од тоалетна хартија во претходно декорирана картонска кутија за полесно да си го организирате работното биро.

10-napravi-sam-proekti-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-06

7Кутија за алки

Кој би рекол дека шишињата се како создадени за да редиме алки врз нив.

10-napravi-sam-proekti-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-07

8. Шарени клучеви

Имате проблеми да ги разликувате клучевите? Еве брзо и лесно решение.

keys

9. Закачалка за марами

Организирајте си ги марамите со помош на стара закачалка и прстени за завеса.

scarves

10. Полици – украсни ќесички

Не знаете што да правите со купиштата украсни ќесички кои ви се плеткаат по дома? Искористете ги за да чувате во нив секојдневни ситници.

shelves

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *