10 места заради кои вреди да се посети Бенелукс

Brugge

Овие три соседни земји со децении наназад претставуваат успешна политичка и економска унија. Иако сите се културно различни, сепак, државите на Бенелукс се подеднакво прекрасни и вредни за посета.
Ова се десетте места кои задолжително треба да ги посетите доколку некогаш планирате да го истражите овој дел на Европа.

10. Mullerthal, Луксембург

Познат и како „мала Швајцарија“, овој регион изобилува со раскошна и импресивна природа. Мостот покрај водопадот Шиесентумпел, е една од најпосетуваните локации на ова место.

Mullerthal-Photo by Kilian Schönberger

Mullerthal-Photo by Kai

Mullerthal

9. Broerenkerk, Zwolle, Холандија

Црквата Броернкер била изградена во далечната 1465 година, како дел од доминиканското владеење. После реставрацијата во 1988 година, беше претворена во простор за културни настани и библиотека.

Broerenkerk

Broerenkerk2

Broerenkerk-4

8. Мостот на Мојсеј, Halsteren, Холандија

Импресивниот мост изгледа како проголтан коридор. Оваа инсталација е дело на „RO & AD Architects“ студиото, и е едно од најимпресивните архитектоски зданија на денешницата.

Moses

Moses2

Moses3

7. Планинарење низ Луксембург

Една од најмалите земји во Европа е украсена со голем број на шуми и планини. Неверојатните пејзажи се надополнети со романтични селца и стари рушевини, кои гарантираат незабораво искуство за сите љубители на планинарењето.

Hikinh lux-Photo by EDEN

Hikinh lux

Hikinh lux2

6. Liege-Guillemins Station, Liège, Belgium

Железничката станица изградена од стакло, челик и бела пластика беше за прв пат претставена а јавоста во 2009-та година, и денеска претставува една од најимпресивните точки за транспорт во светот.

Liege

Liege2

Liege3

5. Фестивал на лалињата, Холандија

Земјата која е позната по најголемото производство на лалиња во светот, се претвора во колоритна слика кон средината на април. Посетителите можат да им се восхитуваат на овие прекрасни пејзажи не само доколку посетат некој парк, туку и едоставно патувајќи насекаде низ земјата.

Tulip-Photo by Frank van Tol

Tulip--Photo by Saskia Jans

Tulip-Photo by Tore H.

4. Бруж, Белгија

Средовековниот град е познат по импресивната стара архитектура, тесни улички и многубројни канали. Еден од најубавите начини да го доживеете Бруж е доколку си овозможите романтично крстарење низ каналите на градот. Белгијците често знаат да го наречат својот бисер и „Венеција на северот“.

Bruges-Photo by Sam De Gueldre

Bruges-Photo by Dan Biggins

Bruges-Photo by Curious Lines

3. Каналите на Амстердам, Холандија

Ова е еден од најубавите и најпопуларните градови во Европа и светот. Познат по многу работи, како слободоумноста и безгрижноста на локалното население, неверојатната архитектура и многубројните канали и мостови, Амстердам е град кој мора да го посетите барем еднаш во живтот.

Canal Amsterdam2

Canal Amsterdam

Canal Amsterdam3

2. Брисел, Белгија

Најголемиот политички центар на Европа и воедно главниот град на Белгија, е микс од готската и барокна архитектура. Раскошните палати, катедрали и цркви, ќе ве пренесат векови наназад во времето. Вкусните белгиски чоколади и вафли се причина плус за да ја посетите оваа метропола.

brussels

Brussels2

Stitched Panorama

1. Градот Луксембург

Позициониран на врвот на рид, меѓу две реки, градот освен со фасцинантна природа воодушевува и со импресивната архитектура.

Luxembourg

Luxembourg City, Grund, bridge over Alzette river

Luxembourg2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *