10 места во Скопје каде може да се најде највкусна пица

picerii-vo-skopje

Пица, можеби најомилениот и глобално најпроширениот рецепт во светот, е подеднакво популарен и во нашите краишта. Речиси и да нема човек кој не го обожава овој вкусен италијански рецепт. Сепак, постојат места каде подобро се подготвува пицата во споредба со останатите. Ова се десетте пицерии во Скопје каде можете да пронајдете највкусна пица.

1. Кај Џино

Нема кој не слушнал за Џино. Италијанскиот ресторан со долга традиција и искуство, веќе години наназад претставува синоним за вкусна пица. Класичниот изглед нуди пријатен и удобен амбиент. Се наоѓа во центарот на градот, на вториот кат во ГТЦ.

2. Енрико

Ресторанот Енрико веќе 18 години подготвува и послужува пици и други италијански специјалитети. Топла атмосфера, вкусни јадења и препознатлив квалитет се принципи, кои го градат стилот и репутацијата на ресторанот. Се наоѓа во трговскиот комплекс Лептокарија.

3. Мама Италиана

Дефинитивно најбрзата испорака во градот, која несомнено нуди одличен квалитет.  Мама Италиана ги подготвува едни од највкусните пици, печени на дрва. Цените се достапни, а најпопуларна и најбарана е токму капричиозата. Лоцирана е во центарот на Скопје, во близина на Грчка амбасада.

4. Пелистер

Некогаш Фуфо, а денес Пелистер, овој ресторан во срцето на Скопје е надалеку познат по вкусните пици. Препорачуваме пица на пролетен сончев ден на прекрасната тераса. Се наоѓа во строгиот центар на градот, покрај плоштад Македонија.

5. Гет Кафе

Иако е релативно нов во споредба со некои од наведените, Гет Кафе брзо се издвои како едно од местата со највкусни пици. Локации: н. Аеродром и н. Кисела вода.

6. Мечос

Мечос е една од најстарите пицерии во градот во нов амбиент и ново мени. Откако краток период беше затворена, денес ресторанот повторно работи со полна пареа, нудејќи оригинална италијанска пица подготвена во фурна на дрва. Се наоѓа на  ул. Ленинова.

7. Костарика

Тука важи правилото – спора услуга, но пеколно вкусни пици. Чекањето дефинитивно се исплати. Пиците се сочни, меки и преполни. Лоцирана е во непосредна близина на Градскиот парк.

8. Балила

Пицеријата „Балила“ е една од најстарите и најпознатите пицерии во градот, отворена е во 1988 година и претставува место каде има убава атмосфера, прекрасна храна и одлична услуга. Се наоѓа во Капиштец.

9. Занзибар

И тука понекогаш услугата знае да биде навистина бавна но, сепак, чекањето вреди. Пиците се големи, вкусни и сочни, а цените се пристојни. Се наоѓа веднаш до Градскиот парк.

10. Бела Виста

Вкусно јадење и одличен, пријатен амбиент. Доколку сте љубители на пица, тука со сигурност ќе ви се допадне. Се наоѓа во ГТЦ од страната на кејот на Вардар.

3 thoughts on “10 места во Скопје каде може да се најде највкусна пица

  1. EQUESTRIAN vo Skopjanka – Aerodrom! Koj ne probal pizza Skopje, ne znae sto e najvkusna pizza! Gurman sum, veruvajte! 😀

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *