10 идеи за како да го дочекате студенилото подготвени

fa92f48cb4c6b1988fd01124b4ed1cab

Полека но сигурно ја чувствуваме промената на температурите, која во изминатите неколку денови драстично се намали, и ни донесе и ветер, дожд и студенило. Есента е период на мрзеливост, но и на инспирација, иако многумина не знаат како да го искористат слободното време во деновите со златни лисја. Во редовите подолу ви нудиме неколку решенија кои ќе ви покажат како деновите кои допрва ни претстојат, да ги направите удобни и забавни:

1. Подгответе ги топлите џемпери

2. Украсете го домот со шишарки, сијалички, и креативни перничиња.

3. Никогаш не е прерано за оган.

4. Купете топло ќебе со декоративен дезен, кое постојано ќе ви седи во ваша близина.

5. Снабдете се со книгите кои одамна сакате да ги прочитате.

6. … или пак со филмовите кои сакате да ги изгледате.

7. Купете чаеви со најразлични вкусови, какао, салеп и слични топли напивки. Есента ги враќа „во мода“ топлите слатки вкусови.

8. Декорирајте ги малите тегли кои ви фаќаат прашина во визбите со разни листови, чипки и ткаенини, такашто кога во нив ќе ставите свеќи, ќе предизвикаат магичен ефект.

9. Купете топли чорапи со симпатични дезени.

10. Топлики кои ќе ги штитат вашите стапала од студот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *